Translate

Tuesday, May 14, 2013

Ако некогаш

Ако некогаш го изгубиш патот свој,
ќе ти бидам ѕвезда и месечина
која ќе те држи за рака и ќе те води
Кога патуваш сам најтешко е,
зашто осаменоста носи спомени за убави времиња,
а надвор гледаш дека и облаците му тежат на небото
и едвај се додржуваат да не се олеснат,
да не и натежнат на земјата
Ако некогаш го изгубиш патот свој,
сети се на сите премолчени тишини
и сите нивни гласни зборови,
оние кои си ги говориме со очите
кога усните се запечатени...
Ако некогаш го изгубиш патот свој,
погледни и под каменот,
и таму ќе ме најдеш...
погледни во себе,
таму сум во тебе
и таму ќе ме најдеш...


No comments:

Post a Comment