Translate

Monday, May 27, 2013

Онака

онака како што ти ги градев сите колепки и те заспивав во нив...
онака како што ти ги чував соновите и милував со месечината...
онака како што ти го љубев лицето и наросував со зраци сонце...
онака како што ти се дадов себе си и во целата твоја слобода...
онака како што ти ги бришев солзите и ги пакував за некое поубаво време...
онака како што ти ги голтав гревовите и ги опсипував со љубов...
онака како што ти ги подарив душата и центарот на мојот свет...
така се` ќе си одземеш...
нема потреба од никој...
нема потреба од јас...
Сам.
ќе си го зариеш ножот во срце...


Friday, May 24, 2013

Одбележан 21 Мај Меѓународниот ден на културната разноликост на Унеско и ПЕН центарот

Кaнцеларијата на Потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на Уредништвото на „Разноликост“ – Колекцијата на поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН на 21 мај (вторник) со почеток во 19 часот на отворениот амфитеатар во рамки на Спомен куќата на Мајка Тереза со КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ по десетти пат го одбележа Меѓународниот ден на културната разноликост на УНЕСКО. 
Искуството беше прекрасно, емоции и луѓе, случајни минувачи сите собрани на едно место, дарувајќи зборови и приказни од сечие перо...


Воведниот збор го имаше професорката Катица Ќулафкова, а веднаш по неа, една убава приказна од секојдневието ни раскажа Линдита Кадриу.
Катица Ќулавкова
 Линдита Кадриу
 Даниел Карески успешно си ја заврши својата водителска улога најавувајќи го нашето читање не по редослед.
 Сејла Муриќ
Ѓоко Здравески 

 Костадин Героски

Снежана Стојчевска

Давор Стојановски 

Ненад Јолдески


 Николина Андова

Александра Спасеска

Иван Шопов

Бежовска Сања

 Јасмина Руневска

Иван Антоновски

Олгица Станковска

Стефан Марковски



По завршувањето на официјалниот дел,следеа импресиите.






Голема благодарност и до Лидија Николова на поканата. 

 
 



 

Wednesday, May 22, 2013

Круг.

Ја сакам твојата љубов...
Онаа која ја дишеш...
И јас дишев еднаш.
Сега само воздивнувам.
Тоа останува по смртта,
нов живот во износена кожа.
***
Љубовта (животот) е круг.
Ти живееш во неговиот здив. Тој дише воздишки во неговото срце. Таму јас го дочекував утрото. Јас и ти, крајот на една нишка - почеток, на нова (постела) умираме, згаснуваме како пламен од свеќа и капки восок...растопени на усни...
(нека се нахранат со нас.)
(нека бидеме живот.)
(и круг.)



Tuesday, May 21, 2013

Свету. ми тежат.



Некогаш си ги колнев очиве... некогаш си ги колнев чуствата... најчесто се колнев себе си... што научив да ги гледам, да ги чуствувам туѓите животи како свои, што им дозволив да ми дишат низ нив во своите светови, а јас молчам.
***
ми тежат сите приказни што ги видов... сите среќи и несреќи што си ги кријат во очите... сите лаги што си ги зборат додека постојат во мигот... и штом мигот изчезне изчезнуваат и тие самите... испаруваат... тешко ми е да дишам во магла, тешко ми е да дишам...тешко ми е што ме има во нивниот свет, ме дочекаа со насмевка, си заминав со сета нивна тага....

***
тој ја најде својата среќа во него, но Тој дали се пронајде себе си... тој, едниот толку мал, другиот сосема недолжно голем... двајцата посакувани...жените им легнуваа пред нозе, а тие си ги љубеа своите стапала како фетиш и израз на понизност...тој и Тој имаа израз на филмски недоживеани ликови во чии карактери живееше таа...
***
свету те молам олесни се од мојата тежина...


 

Monday, May 20, 2013

Повелете на дружба со поетскиот збор

Одбележување на 21 мај

Меѓународниот ден на културната разноликост на УНЕСКО

Кaнцеларијата на Потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на Уредништвото на „Разноликост“ – Колекцијата на поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН на 21 мај (вторник) со почеток во 19 часот на отворениот амфитеатар во рамки на Спомен куќата на Мајка Тереза со КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ по десетти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на културната разноликост на УНЕСКО. Традиционалната свечена порака по повод Меѓународниот ден на разноликоста ќе ја испрати Линдита Кадриу, а свои текстови ќе читаат : Даниел Карески, Ѓоко Здравески, Костадин Героски,Олгица Станковска, Николина Василевска, Давор Стојановски, Ненад Јолдески, Николина Андова, Александра Спасеска, Александар Станојков, Иван Шопов, Сања Бежовска, Снежана Стојчевска, Јасмина Руневска, Иван Антоновски, Шејла Муриќ.

 

Thursday, May 16, 2013

Така се губат најблиските

Мириса на испраќање,
збогување,
последни поздрави…
И црвено шеќерно јаболче…
Мириса на детство, спомени…
Борба за последен здив и мртви души…
А секој последен здив мириса на живот…
влева надеж, огрева сонце
и во мигот кога си се надевал
дека светот повторно ќе заоѓа на запад,
а утре сите не чека ново утро…
Молк.
Тежина.
Мачнина.
Некому олеснува…
Некому останува целиот живот…

Така се губат најблиските.
(и мртви и живи)

Tuesday, May 14, 2013

Ако некогаш

Ако некогаш го изгубиш патот свој,
ќе ти бидам ѕвезда и месечина
која ќе те држи за рака и ќе те води
Кога патуваш сам најтешко е,
зашто осаменоста носи спомени за убави времиња,
а надвор гледаш дека и облаците му тежат на небото
и едвај се додржуваат да не се олеснат,
да не и натежнат на земјата
Ако некогаш го изгубиш патот свој,
сети се на сите премолчени тишини
и сите нивни гласни зборови,
оние кои си ги говориме со очите
кога усните се запечатени...
Ако некогаш го изгубиш патот свој,
погледни и под каменот,
и таму ќе ме најдеш...
погледни во себе,
таму сум во тебе
и таму ќе ме најдеш...


Sunday, May 12, 2013

Ти.

Ти никогаш не живееше во моето време, ниту во мојот миг. Секогаш го бараше своето засолниште, својата колевка и прегратка надвор од мојата. Ти никогаш не живееше во моето време, ниту во мојот миг. Секогаш лебдеше некаде помеѓу себе и Себе, во потрага по сопственото јас...
Никогаш не бев дел од тебе. Ми дозволуваше само накратко да ти го допрам небото, под кое ги растеше цвеќињата...И тогаш неочекувано ќе крикнеше да застанам, да не ги допирам,да не дишам...мојот здив ги сушел... а само желно ги гледав, онака како што посакував барем еден миг од тебе...
Како воз проаѓаше на мојата станица, го истоваруваше сопственото секојдневие и застануваше на последната станица во туѓ кревет. И тогаш те сакав, зашто знаев дека бегајќи од себе се враќаш повторно на себе си, но не и на мене...
Оставаше дел секому... сите повредни од девојката која ти го чуваше здивот и сонот... (истата и ќе ти го земе последниот.)


Saturday, May 11, 2013

А што со љубовта…


Кога имав премногу прашања без одговори, премногу одговори без прашања… Кога надежта почна да ја губи верата во љубовта… Кога сите светови почнаа да се превртуваат и ниедно утро немаше своја ноќ и ниедна ноќ немаше свое сонце, своја месечина, кога никој немаше ништо и никого…Кога незнаев што со себе и што со животот, кој се повеќе ми се клизнуваше низ прстиве и бев спремна да ја изгасам свеќата за век и векови, зашто бев заморна од сите обиди, заморна од сите луѓе, заморна од сите среќавања кои беа среќавања со збогум…луѓето ми велеа „Здраво весела девојко“, јас им велев „збогум“ со насмевка, зашто длабоко во мене душата ми умираше…не сакав да ме сожалуваат, ниту лажно да ме потчукнуваат по рамо и да ми велат: „Не грижи се, се` ќе биде во ред…“. Затоа преживував во песните… Пишував тишини, пишував со глувоста на звукот кој ми трештеше од болка под прстиве…И тогаш еден глас ми се обрати…рече „Дојди и прашај што ти лежи на душата, доволно се мачиш“…прошепна, „Не дозволувај надежта да ти ја изгуби верата во љубовта…“ Отидов и слушав она што знаев дека ќе го чујам, само бев премногу вознемирена да ги смирам сите топки и да ги наредам по редослед, онака како што требаше да ги искачам по ивицата сизифова… Тогаш прашав: „А Љубовта…што со неа?…Да се надевам ли…?“ Ми рекоа „Стрпи се, научи да бидеш трпелива, не ги брзај работите…тие самите ќе си дојдат на свое место…“. Си заминав со нова лекција која претходно колку и да ја слушав и колку и да се обидував да ја научам…едноставно не и` беше времето да биде научена… Го обвиткав мирот со трпение…