Translate

Saturday, June 29, 2013

Премостување

Премостувања
Мостови
Преголеми залаци за голт
Премали дланки за дофат
и само жуборлива вода
разговара со мислите

Sunday, June 23, 2013

„Делфина“

„Делфин(а)“

Исправи се Делфин(а)! Па зарем не гледаш дека светот има милион светлосни нијанси од сите бои кои ги замени со темнина. Светот продолжи да живее, додека ти склопчено се гушкаше самата себе, во обид за заборав. Ништо не забораваме. Само учиме како да се прилагодиме, како да се навикнеме и да продолжиме понатака. Секој го одбира својот пат, својата судбина. Одбери живот, Делфина. Живеј. Радувај се, смеј се, плачи... Дај му се себе си на светот. Еден ден кога ќе си затребаш сама на себе, тој ќе те врати таму каде што си требаш. Животот е круг, не плаши се да го тркалаш во елипсовидни топки. Дај си шанса. Дај си среќа. Подари си љубов. Биди си, за себе најдоброто. Така и некому друг ќе му бидеш најдоброто.
~
Зашто во сите од нас, живее некој(а) Делфин(а), која се плаши од нови почетоци, која е премногу повредена за нови шанси, која под своите срамежливи насмевки ја крие својата болка. Исправи се Делфина, живеј!

#ОгледалоНаЕднаДуша


Saturday, June 22, 2013

На студентска дружба, надвор од гужва!

Излез не извади од гужвата, а ние уживавме во дружбата. Нови лица, нови стихови, нови храбрости. Некому прво споделување на себе со останатите, некому добро познато чуство и општоприсутна трема… Зајдисонце, случајни минувачи… Прекрасно помината приквечерина…
 

 

Јана Колева ни беше домаќин на оваа прекрасна дружба
 

Со Елена Пренџова, го чекавме нејзиниот маж
 

Калина Конеска


Александра Спасеска


Дамјан Каранфилов


Даниел Карески


Бежовска Сања


Огнен Јанески


Тандемски Огнен и Александра


Мeanwhile, моментуми пред и после сериозност:
 

 

 

 



Памучно небо


Зајдисонце


 

Friday, June 21, 2013

Двајца преживеани...

Да можам да си го чујам гласот, секој пат, одново кога си го заривам ножот во гради, читајќи. Тогаш секој пат одново си го убивам срцето. И секој пат одново, тоа продолжува да чука уште посилно од претходниот. Некогаш како да ми се насмевнува и како да ми вели: „Преживеав уште една смрт на сцена. Уште една смрт пред сите... Мене е тешко да ме убиеш! Само вистинските убијци, знаат да ја убијат љубовта, (за миг), но не и мене...“. Сега си го слушам гласот како ехо..низ сеќавање. Секој напишан. Секој прочитан. Збор. Некои лица низ магла. Отчукувања. Забрзувања. Гласовни треперења, по некоја згрешена буква. Двајца преживеани. Јас и моето срце, кое набрзо...повторно ќе го убивам на сцена.


Wednesday, June 19, 2013

Излез(и) од гужва на студентска дружба!



Студентската организација „Излез“ ве кани на целовечерен настан со кој ќе го обележиме крајот на оваа академска година. Во среда, на 19 јуни 2013 година, отворениот амфитеатар на Кејот на Вардар во Карпош 4 ќе биде сцена за најголемите студентски креативци. Од 19.00 часот до полноќ, бидете публика на необични поетски читања, погледнете паметни кратки филмчиња, слушнете поинаква бендовска музика, па размрдајте се на моќен диџеј-сет. Придружете им се на студентите и покажете црно на бело што сте научиле оваа година: покрај сцената ќе бидат поставени бели платна на кои ќе има место за сите ваши пораки! Која е твојата?


Monday, June 17, 2013

Некои огнови е подобро да ги оставиме да стивнат.

Тебе те боли мојата болка. Те боли мојата душа. Зашто знаеш дека е само твоја. А ти ја делиш. Сфаќам. Не секој има душа само за себе. Туѓа душа за себе. И заедничка болка. Но, болката не ја делиш. Останува за нас. Секој посебно не боли, а никој не знае. Никој не чуствува како тежи. Погледот. Тој издава. И колку боли. И колку тежи. И колку туѓа душа спие во твојата. А само едни очи ја видоа. И љубовта. И душата. И болката. Неиздржливо, се преклопија и замижаа. Заминаа тие очи. Никогаш не ќе се вратат. Неможат. Иако сакаат. Можеби, со секој посебно од нас, би се вратиле, но тогаш не ќе ја делиме душата. Тогаш. ќе припаѓаме на нов свет. На нова душа. Својата сплотена со едни очи. Очи кои знаат се`. Тогаш телата нема да бидат само разиграни пеперутки на ветерот. Ќе бидат пеперутки на местото на злосторот. Казна, за едно друго припаѓање. И сите го знаеме тоа.
*
Некои огнови е подобро да ги оставиме да стивнат.

(29.03.2013)


Wednesday, June 12, 2013

Ковчег

За роденден ми подари ковчег. Мал, дрвен ковчег. Ковчег од резбано дрво, со клучалче.
Сега ја разбирам симболиката на таа дрвена кутија. Тајни. Тоа беше подарок со намена и намера. Да ти ги собирам и чувам сите твои тајни. Знаеше дека нема да проговорам. Дела молчеливо како риба ќе ги голтнам сите бисерни перли што ги правеше од моите крлушки.
Тајни! Ковчег полн со тајни. Јас и твоите тајни. „Јас, најголемата жена над сите твои жени.“. Јас. Тајни.
Ми подари ковчег во кој ги почина сите твои тајни. Читав знаци, читав симболи, молчев тајни. Молчев вистини. Живеев туѓи проклетства. Ги садев и пресадував како цвеќиња, ги негував и наоѓав разбирање, наоѓав радост во секоја болка. Молчев. Ги молчев утрата во кои не ми припаѓаше. Ги молчев миговите вечност кога ме делеше. Ги молчев ноќите во кои не ме поднесуваше. Ги молчев твоите стакла измешани со црвено вино, распрснати по подот, заради моите желби за блискост.
Ги голтав сите жилети низ грло како да се крстена вода. Проклетства. Симболики. Вистини спакувани во тајни.
Не прашував, не одговараше. Се правев не гледам, грабаше се повеќе. Жената над сите твои жени.
Ми дишеше низ кожава. Секоја пора, нов отров, нова тајна. Малку по малку, дозирано ме труеше. Земаше од својата слобода, дишеше, а мене ми ги кршеше, едно по едно ребрата. Крикови ги параа ноќите, немаше кој да чуе. Не сакав никој да чуе. немав кому докрај да му ја распакувам душата, да се изветрее, да се олесни.
Ја празнев дел по дел, но секој пат натежнуваше повеќе од претходниот. Немав храброст да ја распарам до крај. Да ја искинам на ситно сецкани конфети за роденден.
Ете сум повторно тука, на почетокот. До ковчегот. Да и тој е до мене.
*
19 март, годинава. Седиме во 1903-та. Вечераме. Нема мир, само зборови од сите страни. Бучност околу нас. Мртва тишина меѓу нас. Сервирано биено сирење на скара, пафлак (што и да беше тоа месо), гарнир, придушени светла, бела роза. (Требаше по втор пат да претпоставам дека го навестува крајот), бегство, нетрпеливост, страв…
33 перли. различни бои, големини, форми… 31 перла, едно бисерно и една солза… Повторно симболика… 33 зрна на бројчаницара што ти ја подарив минатото лето.
Повторно зборови со надеж дека веќе одма нешто ќе недостасува: „Ако некогаш загубиш макар и една перла од овие 33 на број, што со толку внимание ги избирав, ќе ме изгубиш и мене. Внимавај како и каде ги чуваш.“. Салфетка, насмевка, 33 перли истурени, цел еден свет, силно стиснати во дланка. „Зарем во мене се сомневаш?“ – прашален одговор.
*
Денес. Седиме на креветот. Мојот кревет. Кревет без убави спомени. Кревет без убави спомени за тебе. 33 перли, 31 перла, едно бисерно и една солза. Сите се на број, (Како 33 зрна на бројаницата купена за среќа.), во еден ковчег. Дрвен ковчег. Ковчег полн со јас, твоите тајни и 33 перли.
*
(молчам тајни. молчам вистини. молчам проклетства. сите вистини ми се на усниве… не се срамам од нив…)
*
Дадов се. Немам за што да зажалам.

Friday, June 7, 2013

Светови.




Сите имаме по едно скриено око. Едно скриено око со милион тајни во него. Срамежливо, навидум ненамерно, скриено. Наивно. Скриено со неколку прсти на него. Или перче коса. И мириси во неа. Мириси на светови кои се гледаат, но се премолчуваат. Светови кои се бурна тишина. Прашина. Прав и пепел. А горат. При секој допир горат. Пламени јазици лижат болка по нашата кожа. Гола кожа. Одрана. И набрана за секој нареден пат. Поинаков пат. Пат без црвени чевли и рани на стапалата. Стапала уморни од мисли изодени. Чекори. Два напред три назад. Во круг. Од себе до тебе и пак до себе. Себе во тебе и тебе во себе, само очи. Скриени. Светови кои се бурна тишина.