Translate

Tuesday, July 30, 2013

На десно

На десно. На десно се чуваат сите полни месечини. Сите краеви и љубови кои згаснале, а сеуште натежнуваат, на десно. На десно стојат сите зборови погазени како отпушок од цигара, како жежок ветер во јули, како скали кои ги искачуваш во негоглед.
Ете. Тие нешта се чуваат на десно... Зашто со десна рака полесно се пишува (така не учеа), но потешко се брише. На десно потешко се воздивнува животот, кога срцето престанува да љуби на лево.



Tuesday, July 9, 2013

Крила...

Ти беше птица која сакав
да ја чувам во прегратки,
близу срцето,
да ме топлиш,
да те топлам,
да ти ги галам крилата,
да ти ја допирам слободата,
да ти припаѓам...
Сакав да бидеш гулаб на сите гулаби,
но под моето небо...
И така еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање...
А твоето вистинско време не беше сеуште дојдено,
твоето вистинско време не беше подготвено
да го погледнеш во очи,
да го видиш вистинскиот одраз...
*
Прераното замавнување со крилата
може да ги скрши на пола пат до целта...
*
Ти твоите ги сечеш со ножици,
звуци на болно кршење.
Еден пердув пораснал,
скрати го,
напиши роман со него и
побегни од себе.
Сеуште бегаш.
Сеуште ме мразиш.
Сеуште порекнуваш зашто се коси
со туѓите правила за твојот живот.
***
Не требаше да одлеташ.
Ти требав.
Ти требав за да научиш да леташ.
Постојано да леташ.
Константно.
Не повремено,
по навика без одлика на живот,
без одлика на среќа,
туку низ магловити денови
и зачадени ноќи...
***
И така, еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање...
"Ако човекот кој го сакаме, сака некој друг...не треба да го задржуваме."




Friday, July 5, 2013

Кратки реденки (1)

Прекопување стари пораки. Сеќавањата сеуште свежи. Што се мора, не е потешко од она што веќе тежи. Датуми, бројки, времиња, бремиња. Животот продолжува да пишува приказни кои е тешко да ги избришеш од сеќавања, освен ако не ги напишеш.


Слика


Monday, July 1, 2013

Social Media Day – Велес #smdaymk #smday

Social Media Day по втор пат. Велешко ЕзероМотел на Велешко Езеро. #smdaymk #smday
10:30 часот – Поаѓање од Скопје (пред Колосеум, железничка) – Касневме ко по обичај, ништо ново. :)

12:00 часот – средба во “Мотел”, Велес (на Велешко Езеро, одма до Хотел Романтик)

13.00 ЧАСОТ – ДИСКУСИИ/ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА
Игор Бојаџиев - @i999y - Најдоброто од Твитер, ТвитерПрашалник и ЕкстраПоинт;
Иван Димоски - @MedoDimoski - Точката на пресврт на Социјалните медиуми;
Далибор Стајиќ - @daliboard - Влијанието на социјалните мрежи врз развојот на македонскиот јазик и, воопшто, на јазикот како средство за комуникација;
Ива Дујак + Калина - @NotSoacialMedia - Приказна за почетоци;
Иван Василески - @ivan_vasileski - Влијанието на социјалните медиуми врз музичките случувања во Македонија;
Сања Бежовка - @Sanja1109 - Споделувањето на искрени емоции со луѓе кои воопшто не ме познаваат;

Зоран Маџовски - @zorangega - Twitter: Воодушевувањето од пронаоѓањето на слични луѓе, по табиет и размислување;
Елена Трајковска - @Solaborate - претставник на Solaborate Елена Трајковска – глобална социјална мрежа, дизајнирана за конектирање, истражување и соработка помеѓу професионалци и компании од полето на технологиите;
Игор Трајковски - @mkrobot - time.mk/twitter најпопуларните твитови во Македонија;
Во меѓувреме:
Повеќе слики може да најдете и на MIDphotography