Ги плетеме ли
минатото,
сегашноста
и иднината
во плетенка
со три прамена
или се` е веќе
одамна доживеано... ?
преживеано... ?
... па сме само сенки безвремени
кои си поигруваат одново и одново...
Како во круг си го цртаме времето,
напред и назад,
по желба,
со мали осцилации во изгледот,
просторот,
допирот,
линијата...
а сепак основата иста...
чиста...
како првиот пат...
Дали постоиме сега и овде
заради сега и овде, (.?.)
или постоевме некогаш и негде
одамна...
за да се сретнеме сега и овде,
некаде...
на пола пат
сенки безвремени
со мали осцилации
во линијата...
а сепак основата иста....
чиста...
како првиот пат...
И се` е како првиот пат...
сем она што не е...
Дали? ...
Не е ни важно...
Постоиме сега и овде,
од некогаш,
плетенка со три прамена
сплетена...
Постоиме.