Translate

Tuesday, September 3, 2013

Македонската твитер заедница

заедно со Црвен Крст на РМ

организираат крводарителска акција на

13ти (петок) септември  2013та година

од 11 до 18 часот во Даре Џамбаз, под мотото:


Петок 13ти, не мора да биде несреќен ден.


Биди хуман, дарувај и спаси нечиј живот“.





Секој твитерџија и секој граѓанин кој би

сакал да учествува во акцијата нека го

потполни формуларот за  евиденција.

Tuesday, July 30, 2013

На десно

На десно. На десно се чуваат сите полни месечини. Сите краеви и љубови кои згаснале, а сеуште натежнуваат, на десно. На десно стојат сите зборови погазени како отпушок од цигара, како жежок ветер во јули, како скали кои ги искачуваш во негоглед.
Ете. Тие нешта се чуваат на десно... Зашто со десна рака полесно се пишува (така не учеа), но потешко се брише. На десно потешко се воздивнува животот, кога срцето престанува да љуби на лево.



Tuesday, July 9, 2013

Крила...

Ти беше птица која сакав
да ја чувам во прегратки,
близу срцето,
да ме топлиш,
да те топлам,
да ти ги галам крилата,
да ти ја допирам слободата,
да ти припаѓам...
Сакав да бидеш гулаб на сите гулаби,
но под моето небо...
И така еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање...
А твоето вистинско време не беше сеуште дојдено,
твоето вистинско време не беше подготвено
да го погледнеш во очи,
да го видиш вистинскиот одраз...
*
Прераното замавнување со крилата
може да ги скрши на пола пат до целта...
*
Ти твоите ги сечеш со ножици,
звуци на болно кршење.
Еден пердув пораснал,
скрати го,
напиши роман со него и
побегни од себе.
Сеуште бегаш.
Сеуште ме мразиш.
Сеуште порекнуваш зашто се коси
со туѓите правила за твојот живот.
***
Не требаше да одлеташ.
Ти требав.
Ти требав за да научиш да леташ.
Постојано да леташ.
Константно.
Не повремено,
по навика без одлика на живот,
без одлика на среќа,
туку низ магловити денови
и зачадени ноќи...
***
И така, еден ден и јас ќе те пуштев да заминеш,
само кога ќе беше вистинското време,
оти ти не си за чување, ами за летање...
"Ако човекот кој го сакаме, сака некој друг...не треба да го задржуваме."




Friday, July 5, 2013

Кратки реденки (1)

Прекопување стари пораки. Сеќавањата сеуште свежи. Што се мора, не е потешко од она што веќе тежи. Датуми, бројки, времиња, бремиња. Животот продолжува да пишува приказни кои е тешко да ги избришеш од сеќавања, освен ако не ги напишеш.


Слика


Monday, July 1, 2013

Social Media Day – Велес #smdaymk #smday

Social Media Day по втор пат. Велешко ЕзероМотел на Велешко Езеро. #smdaymk #smday
10:30 часот – Поаѓање од Скопје (пред Колосеум, железничка) – Касневме ко по обичај, ништо ново. :)

12:00 часот – средба во “Мотел”, Велес (на Велешко Езеро, одма до Хотел Романтик)

13.00 ЧАСОТ – ДИСКУСИИ/ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА
Игор Бојаџиев - @i999y - Најдоброто од Твитер, ТвитерПрашалник и ЕкстраПоинт;
Иван Димоски - @MedoDimoski - Точката на пресврт на Социјалните медиуми;
Далибор Стајиќ - @daliboard - Влијанието на социјалните мрежи врз развојот на македонскиот јазик и, воопшто, на јазикот како средство за комуникација;
Ива Дујак + Калина - @NotSoacialMedia - Приказна за почетоци;
Иван Василески - @ivan_vasileski - Влијанието на социјалните медиуми врз музичките случувања во Македонија;
Сања Бежовка - @Sanja1109 - Споделувањето на искрени емоции со луѓе кои воопшто не ме познаваат;

Зоран Маџовски - @zorangega - Twitter: Воодушевувањето од пронаоѓањето на слични луѓе, по табиет и размислување;
Елена Трајковска - @Solaborate - претставник на Solaborate Елена Трајковска – глобална социјална мрежа, дизајнирана за конектирање, истражување и соработка помеѓу професионалци и компании од полето на технологиите;
Игор Трајковски - @mkrobot - time.mk/twitter најпопуларните твитови во Македонија;
Во меѓувреме:
Повеќе слики може да најдете и на MIDphotography

Saturday, June 29, 2013

Премостување

Премостувања
Мостови
Преголеми залаци за голт
Премали дланки за дофат
и само жуборлива вода
разговара со мислите

Sunday, June 23, 2013

„Делфина“

„Делфин(а)“

Исправи се Делфин(а)! Па зарем не гледаш дека светот има милион светлосни нијанси од сите бои кои ги замени со темнина. Светот продолжи да живее, додека ти склопчено се гушкаше самата себе, во обид за заборав. Ништо не забораваме. Само учиме како да се прилагодиме, како да се навикнеме и да продолжиме понатака. Секој го одбира својот пат, својата судбина. Одбери живот, Делфина. Живеј. Радувај се, смеј се, плачи... Дај му се себе си на светот. Еден ден кога ќе си затребаш сама на себе, тој ќе те врати таму каде што си требаш. Животот е круг, не плаши се да го тркалаш во елипсовидни топки. Дај си шанса. Дај си среќа. Подари си љубов. Биди си, за себе најдоброто. Така и некому друг ќе му бидеш најдоброто.
~
Зашто во сите од нас, живее некој(а) Делфин(а), која се плаши од нови почетоци, која е премногу повредена за нови шанси, која под своите срамежливи насмевки ја крие својата болка. Исправи се Делфина, живеј!

#ОгледалоНаЕднаДуша


Saturday, June 22, 2013

На студентска дружба, надвор од гужва!

Излез не извади од гужвата, а ние уживавме во дружбата. Нови лица, нови стихови, нови храбрости. Некому прво споделување на себе со останатите, некому добро познато чуство и општоприсутна трема… Зајдисонце, случајни минувачи… Прекрасно помината приквечерина…
 

 

Јана Колева ни беше домаќин на оваа прекрасна дружба
 

Со Елена Пренџова, го чекавме нејзиниот маж
 

Калина Конеска


Александра Спасеска


Дамјан Каранфилов


Даниел Карески


Бежовска Сања


Огнен Јанески


Тандемски Огнен и Александра


Мeanwhile, моментуми пред и после сериозност:
 

 

 

 



Памучно небо


Зајдисонце