Translate

Wednesday, August 1, 2012

Постоиме.


Ги плетеме ли 
минатото,
сегашноста 
и иднината
во плетенка 
со три прамена
или се` е веќе 
одамна доживеано... ?
преживеано... ?
... па сме само сенки безвремени
кои си поигруваат одново и одново...

Како во круг си го цртаме времето,
напред и назад,
по желба,
со мали осцилации во изгледот, 
просторот,
допирот,
линијата...
а сепак основата иста...
чиста...
како првиот пат...

Дали постоиме сега и овде
заради сега и овде, (.?.)
или постоевме некогаш и негде
одамна...
за да се сретнеме сега и овде,
некаде...
на пола пат
сенки безвремени
со мали осцилации
во линијата...
а сепак основата иста....
чиста...
како првиот пат... 

И се` е како првиот пат...
сем она што не е...
Дали? ...
Не е ни важно...
Постоиме сега и овде,
од некогаш, 

некаде,
плетенка со три прамена
сплетена...

Постоиме.


Куфер

Живот во куфер спакуван
кутија со патент
распакуван
препакуван
сегде патник
сегде скитник
а никаде како дома
туѓа постела
туѓ кревет
туѓа туѓина
Ничкосан од умор
легнат во празна прегратка
на бели пердуви
и сон на ничија перница
никаде како дома
Од овде до онде
од онде кон непознаното
живот во куфер спакуван
распакуван
секаде патник
секаде скитник
секаде постела
ниедна дом